Младост 1977 АД  договори големо засилување на бековската позиција, пристигнува Даниел Андоновски. 

23-годишниот Андоновски настапува на левата бековска позиција и зад себе има богато суперлигашко и меѓународно искуство. Во Богданци доаѓа од суперлигашот Тиквеш и ќе остане во РК Младост 1977 АД најмалку една година. 

Со неговото искуство играјќи во неколку европски клубови, треба да биде еден од главните играчи на Младост 1977  на патот кон враќање во Суперлигата.

Инаку, тандемот татко и син одново ќе соработуваат заедно, затоа што нов тренер на Младост 1977 АД  е Горан Андоновски.