РК МЛАДОСТ 1977

• Дата на формирање: 26 август 1977
• 1986, Прво место во Македонската лига, победа над првакот на Косово во баражот одигран во Јагодина и влез во Втората југословенска лига
• 1986-1989, член на Втората сојузна лига на Југославија, во период кога Југославија е светски и олимписки шампион во ракомет
• 1995-2008, член Супер лигата во ракомет и долгогодишен претставник на Македонија во европските купови
• Најголеми меѓународни успеси: Четврт-финале во Купот на победници на купови со Иври (Франција), сезона 1996/97 и неколку пласмани во осмина финале во Купот на ЕХФ и Челинџ купот. Според резултатите на меѓународен план РК Младост Богданци е четврта екипа во Македонија на сите времиња, зад Вардар, Металург и Пелистер. Овие успеси се остварени кога клубот го водеа Ѓорге Петрушев – претседател и Томе Лисичков – секретар. Моменти кои ќе останат во вечно во сеќавање се: сензационалната победа против Морнар Бар, кога во Богданци беа анулирани 13 гола негатива од првиот натпревар, елиминацијата на Мославина Кутина со гол на Јарослав Сичов во последната секунда, нерешениот резултат против Сиудад Реал…
• Најголеми домашни успеси: Финалисти на купот 1996 година и неколку трети места во Супер лигата на Македонија
• Сезона 2004-2005, Младост Богданци е есенски шампион во Супер лигата на Македонија
• 2007, клубот се фузира со Борец Велес
• 2009, повторно се регистрира клубот под името РК Младост 09 и настапува во Прва Лига на Македонија.
• 2017, прво место во Првата лига во ракомет и директен пласман во Супер лигата
• 2017, Управата на РК Младост 09 одлучува да не се натпреварува во Супер лига, заради недостиг на финансии и повторно пријавува екипа во Прва лига. Тогаш клубот го напуштаат поголемиот дел од постарите играчи и одлучуваат да формираат нов клуб, чија главна цел ќе биде производство на играчи, кој најпрво се вика РК Академија Младост, а потоа заради административни причини го менува името во РК Младост Богданци.
• Од сезона 2018/19 РК Младост Богданци се натпреварува во Прва лига со сениорска екипа и со екипа во кадетска конкуренција
• 2019, Прво место во Плеј аут натпреварувањето на РК Младост Богданци
• 2019/20 , Влез на Младост Богданци во Супер Лига.
• Играчи кои играле за Младост: Мите Лисичков, Ѓорге Петрушев, Чавдаров, Шимов, Пешков, Ичев, Станчев, Металари, Коруновски, Трендафилов, Камчев, Џишев – голман, Перо Минев, Сапламаев, Шалваринов, Василев, Петрушевски, кои играат во периодот од формирањето, во текот на осумдесетите години, а дел од нив и на почетокот на деведесеттите години од минатиот век. Кога на почетокот на 90-тите години клубот го презема покојниот Ѓорге Петрушев во клубот играат Аџиќ, Ѓуровиќ, Мартиновиќ, Поповиќ, Турченко, Горбах, Сичов, Коваленко, Бичковски, Телепњев, Подосинов, Потапкин, Вережан, Кирилов, Ткач, Драгиќ, Стојковиќ, Узунчев, покојниот Џишев, браќата Шопови, Сречко Георгиевски, Филип Миркуловски, Котевски, Наумовски, Гигов, Дупјачанец, Лукиќ, Петковски, Лашкоски, Илиевски, Павловски, Трпков, Брљамов… Во тој период Младост произведе и плеада од играчи – Митко Стоилов, браќата Ѓоко и Кимо Арнаудови, Иван Арнаудов, покојниот Тумбов, Атанасов, Ампов, Горан Паунков, Никола Роглев, Мите Караиванов, Љупчо Василев, Перо Банцалиски, Александар Стојановски, браќата Илија и Игор Динови, Митко Мацин, Миленко Јанчев, Ѓоко Олумчев, Горан Лисичков, Љушев, Иван Стојчевски…
• Тренери на РК Младост Богданци: Мите Лисичков, Попов, Узунов, Ристо Трпчевски, Григориј Бродски, Ата Василев, Касим Каменица, Јошко Петковиќ, Станиќ, Љупчо Савевски, Стефче Стефановски, Сергеј Турченко, Андон Бошковски, Перо Банцалиски, Мите Шутаров, Мите Стоилов, Никола Роглев…