ПозЕкипаНПРИДГПГГРБ
1РК Еурофарм Пелистер 218180074036736736
2РК Мулти Есенс1813145764888827
3РК Македонија ЃП1812155485014725
4РК Младост 19771810265504856522
5РК Драчево188375495361319
6РК Вардар Неготино18828513535-2218
7РК Овче Поле 1958183312460608-1489
8РК Јехона183213503645-1428
9РК Скопје 2020184014478625-1478
10РК Металург РА184014316437-1212
Нашиот сениорски тим заврши на четвртото место на табелата во Плеј оф натпреварите и борбата за влез во Супер лигата или со генерален пласман четврто место од 18 тимови кои зедоа учество во Првата лига.
Целта на клубот не беше остварена, но овие млади момци полека созреваат. Седум години се дел од клубот уште од најмали нозе ги поминаа сите филтри и сите категории каде дојдоа до последната пречка за пласман во Супер лигата но и покрај големата борба оваа сезона во која имаше падови и подеми не успеавме да ја оствариме целта.

Тука нема да застанеме веќе направени се првите чекори и состаноци со главните спонзори, акционери во клубот и сопственици, фирмата Баџо и Општина Богданци кои изразија голема поддршка за Ракометот и иднината на овие млади момци како и за градот Богданци каде за следната сезона договорена е безрезервна поддршка и зголемување на буџетот во клубот со цел експресно влегување во Супер лигата бидејќи Богданци и овие млади момци го заслужуваат тоа.

Се надеваме на оваа голема поддршка од главните спонзори ќе се приклучат и останатите спонзори кои цела оваа година не подржуваа на патот кон успехот.
Тимот ќе ги задржи поголем дел од играчите со исклучок на неколкумина, но ќе донесе и неколку засилувања со кои веќе се почнати преговори.
Од тимот првично си заминуваат (Гамзардиа Уча, Бојан Цековски, Андреј Шулевски на кои им посакуваме многу среќа и успеси во понатамошната кариера.

За сите нови засилувања и понатамошни чекори како и нови спонзори клубот ќе излезе со јавно соопштение до нашите фанови.

Нашиот тим оваа сезона го имаше третиот најдобар напад во лигата со дадени 550 голови, и втората најдобра одбрана со примени 484 голови или со вкупен биланс од 66+.
Најдобрите три стрелци во нашиот тим се: Николоски Антонио со постигнати 123 голови просек 7 голови по натпревар, втор стрелец во тимот Атанасов Ѓорѓе со постигнати 115 гола или 6 гола по натпревар, трет стрелец Ѓорѓе Ѓуриќ со постигнати 69 гола или 4 гола по натпревар.

Нашиот тим за прв пат во историјата доби и тренер во националната селекција на Македонија Мите Стоилов а добивме и нов кадетски репрезентативец Младеновски Методи.

Се гледаме следната 2025/26 сезона уште посилни и поголеми похрабри на патот кон остварување на целта.
Голема благодарност до сите наши подржувачи, спонзори, фанови кои не следеа секој натпревар и ни даваа безрезервна поддршка со ❤️ за МЛАДОСТ 1977