Ракометниот клуб Младост 1977 АД од Богданци сериозно го подготвува тимот за новата натпреварувачка сезона и борбата за влез во Суперлигата.

Најново име во составот е 30-годишниот српски ракометар Лазар Адамовиќ, кој потпиша договор со клубот најмалку до крајот на сезоната.

Адамовиќ, кој игра на десната бековска позиција, е играч со импресивна физичка подготвеност висок 192cm и познат по својата силна шутерска способност и борбеност.

Во Младост 1977 АД доаѓа од редовите на РК Радовиш, а претходно има настапувано и за неколку клубови во Србија, Македонија и други европски земји, со што носи значително меѓународно искуство.

Адамовиќ се очекува да биде еден од носителите на играта и клучна фигура во амбициозната мисија на РК Младост 1977 – пласман во Суперлигата.

Токму неговото искуство и лидерство треба да бидат столбот околу кој ќе се гради успешната приказна на колектив оваа сезона.