
Екипата на Младост 1977 во следната сезона сака да обезбеди место во Суперлигата, а за тоа го ангажира искусниот тренер Горан Андоновски.
Андоновски со своето мегународно искуство зад себе во Богданци доаѓа со резултати како тренер во Македонија и во Европа и заедно со Мите Стоилов, Далибор Луќиќ и Горан Паунков треба да бидат столбот на тренерската структура за иднината на РК Младост 1977 и младата екипа која ја има Богданци.
Во новата сезона Андоновски се очекува да даде голема стабилност и свежина во тренерскиот тим кој треба да го трасира патот за влез на клубот во Суперлигата. Во периодот кој следи Младост 1977 веќе активно работи на засилувањата за сезона 2025/26 и истите ќе бидат објавени во текот на месецот.