По ангажманот на тренерот Горан Андоновски, како и на Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ, МЛАДОСТ 1977 ги продолжи договорите со своите деца.
Нови договори на две сезони потпишаа петмина ракометари, кои веќе се дел од првиот тим.
РК МЛАДОСТ 1977 ги продолжи договорите со пикерот Стамен Гогов, средните бекови Ѓорѓе Ѓуриќ и Душан Каркалашев, левото крило Димитар Пеев и голманот Ефе Идризов.